Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски би можел повторно да го облече дресот на некој европски клуб, откако официјално ја заврши својата епизода во Ал-Ахли од Саудиска Арабија.
По освојувањето на трофејот во АФЦ Лигата на шампионите, Алиоски и клубот ставија точка на соработката, а 33-годишниот фудбалер веќе размислува за следниот чекор во кариерата.
– Мојот договор со Ал-Ахли е завршен. Заедно со мојот агент ги разгледуваме сите можни опции. Саудиска Арабија ми остави позитивни впечатоци, но допрва ќе видиме каде ќе продолжам – изјави Алиоски за саудиските медиуми.
Засега не е познато каде Алиоски ќе ја продолжи кариерата, претходно македонскиот фудбалер беше дел од Лидс, Лугано, Шафхаузен и Фенербахче.