Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека при ракетните напади врз Израел погодила центар за воено разузнавање и центар за оперативно планирање на Мосад, пренесува Ал Џезира.
Претходно, израелските медиуми јавија дека ракетен удар во крајбрежниот град Херцлија погодил „чувствителна цел“, термин што обично означува воена или стратешка цел.
Во објава на социјалната мрежа Икс Иранската армија коментира дека се работи за „напад каков што Израел не видел досега“. Според армијата, потврдени цели во денскиот напад врз Израел освен седиштето на Мосад е и логистичкиот центар АМАН во Шарон и врз зграда во Гуш Дан, најголемата урбана населба во Тел Авив.
Исто така, погоден е автобус во градот.