Двегодишно момче ја застрела мајка си во нивниот дом во бразилската држава Мато Гросо до Сул, пишуваат бразилските медиуми. Началникот на локалната полиција потврди дека жената била пренесена во болница, каде што само била констатирана смрт.
На вознемирувачката снимка која се појави на социјалните мрежи може да се види дека откако е погодена жената станува, но набрзо се струполува на подот.
Се работи за 27-годишната Дебора Родригес Монтеиро која била идентификувана по смртта,
Според локалните медиуми, детето најверојатно ќе биде вклучено во програма за психолошко советување.