Струјата која ја нуди ЕДС е од 100% обновливо потекло и со европски сертификат

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во услови на климатски промени и растечка еколошка свест, се зголемува бројот на потрошувачи, и индивидуални и корпоративни, кои бараат не само сигурно и економично, туку и одржливо снабдување со електрична енергија.

Компанијата ЕДС, како дел од најголемата европска енергетска групација во Југоисточна Европа, ја препознава оваа потреба и се наметнува како лидер во снабдувањето со т.н. „зелена енергија“, односно електрична енергија со потекло од обновливи извори.

– Повеќе не е доволно да нудите само стабилна испорака и поволна цена, потрошувачите сè повеќе прашуваат од каде доаѓа енергијата. Дали е тоа енергија што ја уништува природата или енергија што ја штити? – велат од ЕДС.

Секој клиент кој избира снабдување со „зелена енергија“ од ЕДС добива официјален Сертификат за потекло на енергијата, документ што докажува дека користената електрична енергија е произведена од обновливи извори, и тоа во согласност со европските стандарди.

– Овие сертификати имаат особено значење за извозно ориентираните компании, кои треба да ги исполнуваат „ESG“ критериумите (еколошки, социјални и управувачки). Со нив, компаниите покажуваат дека не само што ги следат глобалните трендови, туку ги водат – истакнуваат од ЕДС.

Компанијата активно работи со корпоративните клиенти на развивање на концептот „зелена потрошувачка“, при што голем дел од нив веќе се снабдуваат со 100% електрична енергија од обновливи извори.

– Изборот на зелен снабдувач испраќа порака, дека компаниите се еколошки свесни и дека сакаат да остават позитивен отпечаток врз животната средина – додаваат од компанијата.

Освен за фирмите, ваквиот избор станува сè поважен и за домаќинствата и јавните институции. Со зголемување на побарувачката за зелена енергија, се поттикнува и понатамошна изградба на капацитети за обновливи извори, што е клучен чекор во енергетската транзиција на земјата.

– Одржливиот развој не е спротивен на профитот, токму спротивното. Тоа е единствениот пат напред. Потрошувачите имаат моќ да влијаат на пазарот и да го направат поодржлив, со што придонесуваат за поздрава и почиста иднина – заклучуваат од ЕДС.

- Advertisement -
Ad image

Фото: ЕДС

Share This Article