Небото над Блискиот Исток е чисто пред најавената „бура

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Патничките авиони кружат околу четири земји на Блискиот Исток по нападот на Израел врз Иран. Од мапите што можат да се видат на сајтот Flightradar24 е видливо дека небото над Израел, Иран, Јордан и Ирак е целосно затворено за патување.

Четирите земји утрово објавија затворање на воздушниот простор. Илјадници патници се заглавени на аеродромите. Бројни земји во светот ги предупредија своите граѓани да не патуваат на Блискиот Исток.

Според дописникот на Скај Њуз, израелските авиокомпании „Ел Ал“, „Аркија“ и „Израел“ ги преместиле своите авиони надвор од земјата на непозната локација, како подготовка за можен ирански напад врз аеродромот „Бен Гурион“.

Авионите биле транспортирани без патници, како дел од однапред подготвени безбедносни протоколи во случај на понатамошна ескалација и напади врз критична инфраструктура.

Ноќта во петокот, 13 јуни, Израел изврши обемен воздушен напад врз неколку цели во Иран како дел од операцијата наречена „Исправен лав“. Во меѓувреме, се чека одмаздата на Иран.

Би-Би-Си напиша дека Израел ризикува со нападот врз Иран.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска изјави дека нуклеарните постројки во Бушер, Исфахан и Фордов не се оштетени во нападите на Израел врз цели во Иран и дека не е забележано зголемување на нивото на радијација на локацијата Натанз.

Од друга страна, МААЕ потврди дека клучниот комплекс за збогатување ураниум во Натанц во Иран е меѓу нападнатите локации.

Share This Article