Background

Во страшниот семеен инцидент што ја потресе Битола, 26-годишна девојка вчера со нож ги нападнала своите баба и дедо во семејниот дом на улицата Солунска, споделија детали од Основното јавно обвинителство и од МВР

Во страшниот семеен инцидент што ја потресе Битола, 26-годишна девојка вчера со нож ги нападнала своите баба и дедо во семејниот дом на улицата Солунска, споделија детали од Основното јавно обвинителство и од МВР.

Според првичните сознанија на обвинителството, внуката се обидела да ги лиши од живот двата постари членови на семејството, нанесувајќи им повеќе убоди со остар предмет.

Бабата (70) и дедото (78) веднаш биле пренесени и хоспитализирани во Клиничката болница во Битола, каде, според лекарски извори, им била укажана соодветна медицинска помош и се наоѓаат надвор од животна опасност.

- Advertisement -
Ad image

Напаѓачката, 40 минути по нападот била пронајдена и приведена во полициската станица во Битола. Потоа 26-годишната девојка била префрлена во Психијатриската болница во Демир Хисар, каде ќе продолжи да се следи нејзината здравствена состојба.

„По овластување на јавен обвинител, веднаш беа ангажирани екипи на Министерството за внатрешни работи кои извршија увид на самото место. Се работи на прибирање на сите релевантни докази и податоци во врска со случајот. Осомничената е приведена и постапката е во тек“, информираа од Основното јавно обвинителство Битола.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот против осомничената ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за кривично дело – обид за убиство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation