Иранскиот министер за одбрана, Азиз Насирзаде, денеска изјави дека ако пропаднат нуклеарните преговори и дојде до конфликт со САД, Иран ќе ги нападне американските бази во регионот.
– Некои претставници од другата страна се закануваат со конфликт ако преговорите не вродат со плод. Ако ни се наметне конфликт… сите американски бази ни се во дострел и ние смело ќе ги таргетираме – наведе Насирзаде.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повеќепати му се закануваше на Иран со бомбардирање ако не се постигне нов нуклеарен договор.
Следната рунда преговори Иран – САД треба да се одржат во текот на неделата. Трамп најави дека преговоритре ќе се одржат утре, а Техеран тврди дека ќе бидат на 15 јуни во Оман.
Иран треба да понуди контрапредлог на понудата на САД за постигнување договор што Техеран ја отфрли. Трамп потоа реагираше, наведувајќи оти Иран станува „сè поагресивен“ во преговорите.
Насирзаде потсети дека Техеран неодамна тестирал ракета со боева глава од 2 тона и оти не прифаќа никакви ограничувања.
Врховниот лидер на теократската Исламска Република, ајатолахот Али Хамнеи, во февруари изјави дека Иран ќе продолжи да ги развива своите воени капацитети.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
