Менаџерот Жозе Мурињо и турскиот клуб Фенербахче ќе го објават крајот на соработката во следните неколку дена, објавија турските медиуми.
Ова е епилогот од средбата во Лондон помеѓу познатиот тренер и Али Коч, претседателот на клубот од Истанбул. Мурињо бара 15 милиони евра за раскинување на договорот.
Португалецот ги презеде „жолто-црните“ минатото лето, но тимот под негово водство не освои ниту еден трофеј. Во турското првенство беа втори зад нивниот најголем ривал Галатасарај.
Покрај тоа, Мурињо е во постојан конфликт, како со судиите, така и со службените лица од други клубови, што предизвика гнев кај навивачите и новинарите и го наруши угледот на турскиот фудбал.