Во Албанија се проширува картата на болеста чума кај малите преживари, каде по северниот град Скадар, заразени грла се регистрирани и во Пешкопеја и пограничниот град Булќиза, кој е на дваесетина километри оддалечен од Дебар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во Албанија се проширува картата на болеста чума кај малите преживари, каде по северниот град Скадар, заразени грла се регистрирани и во Пешкопеја и пограничниот град Булќиза, кој е на дваесетина километри оддалечен од Дебар.

Албанската агенција за храна и ветеринарство информираше дека сите стада каде што се регистрирани случаи на зараза се ставени под карантин и оти во фармата во Поштиба, кај Скадар и во Мартенеш, кај Булќиза, уништени се над 200 грла, според соодветните стандарди.

Поради близината и појавата, иако поретко од претходно, на шверц на добиток од албанска на македонска територија, постои голема опасност болеста да биде пренесена.

Веднаш по појавата на болеста, македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) воведе засилени мерки на надзор, особено во регионот на западна Македонија, со цел да се спречи внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава.

Share This Article