Background

Се стресе Халкидики, но и југот во Македонија

Во морскиот дел на девет километри северозападно од Кариес на Света Гора на третиот крак на Халкидики, кусо пред 16 часот по локално време беше регистриран земјотрес со јачина од 5,3 степени, по кој следуваа серија земјотреси со помал интензитет.

Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.

Силниот земјотрес го потресе целиот регион  Халкидики каде има илјадници туристи кои се во паника да не следуваат нови удари, а се почувствуваи во Солун.

- Advertisement -
Ad image

Земјотресот бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и на Тасос.

И телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска (7 јуни) регистрираа серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од соседна Грција.

„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, почувствуван е земјотресот во 14 часот и 46 минути чиј епицентар се наоѓа 290 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML5.2. Земјотресот беше почувствуван во југоисточниот дел на земјата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, се наведува во соопштението.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation