Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа во полуфиналето на „Ролан Гарос“, загуби од Италијанецот Јаник Синер (4:6, 5:7, 6:7 (3:7)) во меч кој можеби беше негов последен на Грен слемот во Париз.
По мечот, 38-годишниот Србин ја бакна раката, а потоа ја стави на земјената подлога. Тој исто така им аплаудираше на гледачите на теренот „Филип Шатрие“.
– Можеби беше последниот натпревар во мојата кариера на овој терен. Затоа бев малку поемотивен. Но, ако за мене тоа беше проштален натпревар на „Ролан Гарос“ во мојата кариера, тогаш беше прекрасно во однос на атмосферата и она што го добив од гледачите. Може да биде мојот последен натпревар овде, не реков дека е последниот натпревар во мојата кариера – изјави Ѓоковиќ.
Синер во финалето ќе се соочи со Шпанецот Карлос Алкараз.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
