На Детската клиника во Скопје вчера било однесено починато 3-годишно дете од Кавадарци, соопшти полицијата.
„На 3.6.2025 година во 9.30 часот во СВР Скопје од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека кај нив е донесено починато 3-годишно дете од Кавадарци, кое од претходно имало здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт. Во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 3.00 часот го однела во Општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 8.45 часот е констатирана смрт“, соопшти полицијата.
По наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено на обдукција.