Градежен работник од Кина се бори за живот во охридската болница, откако вчера паднал од платформа на градилиштето на автопатот Кичево-Охрид.
„На 3.6.2025 година во 7.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа. Тој е пренесен во болницата Свети Еразмо во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот“, соопшти полицијата.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Охрид и трудови инспектори.