Во престрелка што се случи синоќа во квартот Лоренс Хајтс во Торонто, Канада, едно лице го загуби животот, а уште петмина се повредени, објави Си-Ти-Ви њуз.
Повикот за настанот до полицијата бил примeн околу 20:30 часот, а службите по доаѓањето затекнале ранети лица меѓу зграда и улица.
Според информациите, 40-годишен маж починал на лице место, додека повредените – четворица мажи и една жена – се хоспитализирани со повреди кои не се животозагрозувачки.
Полицијата информира дека се трага по повеќе осомничени и сè уште не е познато дали сторителите побегнале со возило. На местото не е пронајдено оружје.
Истражните активности и испрашувањето на сведоците се во тек. Градоначалничката на Торонто, Оливија Чау, изрази вознемиреност и благодарност до службите за итни интервенции.
Иако полицијата тврди дека нема закана за јавноста, ги повикува граѓаните, кои имаат информации, да се јават.