Заменик претседателот на Рускиот совет за безбедност и поранешен руски претседател, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека целта на Москва во разговорите со Украина во Истанбул е да постигне целосна победа.
– Преговорите во Истанбул се потребни, не за компромисен мир – заснован на измислени и нереални услови – туку за наша најнепосредна победа и за целосно уништување на неонацистичките власти. Тоа е смислата на рускиот меморандум, што беше објавен вчера – наведе Медведев.
Во рускиот меморандум се бара Киев да предаде голема територија, неутрален статус на Украина, ограничување на бројот на украинската армија и спроведување нови парламентарни и претседателски избори.
На вчерашната втора рунда од директните преговори помеѓу Русија и Украина во Истанбул е договорена нова размена на воени заробеници и размена на телата на загинатите војници.
Медведев најави и одговор на украинскиот напад врз руските воени аеродроми.
– Одмаздата е неизбежна. Мора да се запомни: нашата армија активно напредува и ќе продолжи со својата офанзива. Сè што треба да се разнесе сигурно ќе биде разнесено, а оние што треба да се истребат ќе исчезнат – истакна Медведев.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
Copyright 2025 OhridSky
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
