Министерството за финансии од денеска почнува со преговорите со останатите министерства за ребалансот на буџетот, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
-По овој прес ќе го имаме првиот состанок да кажеме во период којшто следи, сигурно десеттина дена ќе работиме на такви преговори со надлежните министерства, а потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Премногу е рано и не би можела сега да ви кажам детали околу тоа – вели Димитриеска Кочоска.
Таа посочи дека утре имаат владина седница, но в среда и четврток, како Министерство ќе имаат прилично збиена агенда за преговорите и деталите околу ребалансот на буџетот.
Ребалансот на буџетот, годинава е планирано да се донесе летово бидејќи наесен се локалните избори.