Background

Јаневска: Десетина ученици биле отстранети од полагањето на првиот екстерен испит од државната матура во саботата зашто се обиделе да препишуваат од телефон

Десетина ученици биле отстранети од полагањето на првиот екстерен испит од државната матура во саботата зашто се обиделе да препишуваат од телефон, соопшти денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

– Од информациите кои досега ги имам, бидејќи процесот сѐ уште не е комплетиран, бројот на ученици што препишувале е значајно намален. Во моментов имаме информации за десетина деца кои се отстранети од тестирањето кои се фатени дека препишуваат од телефон. Информациите се собираат и за некој ден ќе бидат комплетни. Со оглед на тоа колку беа отстранети минатата година, сметам дека има напредок и очекувам секоја година тоа да биде сѐ подобро и подобро – рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на објектот во изградба за ОУ „Крсте Мисирков“ во Ченто.

Поради зајакнатите мерки за контрола, очекува бројот да биде уште помал на полагањето на вториот екстерен испит на 11 јуни кога, рече, ќе имаат информации за сите отстранети што препишувале, но дека „оваа бројка нема да биде многу поголема“.

- Advertisement -
Ad image

Министерката повторно апелираше до учениците кои се обидуваат „да го излажат системот“ и да препишуваат, со порака дека тоа им штети ним, „а потоа и на сите други“.

– Ризикуваат да изгубат цела година од животот или да влезат на пазарот на трудот или да го продолжат образованието – додаде Јаневска.

Над 15.000 ученици завчера полагаа прв дел од државната матура со тестот по мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски) и литература, кој е задолжителен за сите матуранти.

Идната среда (11 јуни) матурантите ќе го полагаат вториот екстерен испит кој е по нивни избор. Најголем број пријавени (над 13.000) има за тестот по англсики јазик.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation