Телефонски разговор во пресрет на новата рунда мировни преговори во Истанбул

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио вчера остварија телефонски разговор за ситуацијата во Украина и претстојните мировни разговори што ќе се одржат денеска во Истанбул.

Во соопштението на руското МНР се наведува дека двајцата дипломати разговарале за состојбата во Украина и за нападите со експлозивни направи врз железничката инфраструктура во руските региони Брјанск и Курск доцна во саботата. Рубио му изразил сочувство на Лавров за жртвите во нападите. Руското МНР нагласува дека резултатите од истрагите наскоро ќе бидат објавени, со уверување дека одговорните ќе бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата.

Во Брјанскиот регион загинаа седум лица, а 71 беше повредено кога автопатски мост се урна врз патнички воз во движење по експлозија.

Разговорот меѓу дипломатите се случи во пресрет на втората рунда директни разговори меѓу Киев и Москва, во услови на зголемени напади, а Кремљ ги отфрла повиците за безусловен прекин на огнот.

Според руското МНР, Лавров и Рубио „размениле ставови за различни иницијативи за решавање на украинската криза, вклучително и плановите за обновување на директните преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул на 2 јуни“.

Стејт департментот потврди дека разговорот се одржал на барање на Русија и дека Рубио ја повторил поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп за директни разговори со цел постигнување „траен мир“.

На последните разговори на 16 мај, што беше првиот директен дипломатски контакт меѓу Русија и Украина од почетокот на војната, не беше постигнат никаков напредок во однос на прекин на огнот. Москва тогаш ги изнесе своите барања за повлекување на украинските сили од четири области кои Русија не ги контролира целосно.

И покрај неуспехот на разговорите, двете страни се договорија за размена на по 1.000 воени заробеници. Русија претходно вети дека по размената ќе ги објави своите мировни услови, но сè уште не го сторила тоа.

Share This Article