Background

Томас Вајц очекува поддршка за извештајот во Европскиот парламент

Факт е дека во извештајот на Европскиот парламент за Република Северна Македонија се споменуваат македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и не гледам никаков проблем во тоа, вели известувачот на Европскиот парламент (ЕП) за земјава Томас Вајц во изјава за бугарската телевизија БТВ.

– Со сето должно почитување – сите култури, идентитети и националности во Европа се тесно испреплетени. Го кажувам ова како Австриец, како Словенец, како Унгарец, како граѓанин на Европската Унија – вели Вајц во пресрет на гласањето за извештајот за Македонија во Европскиот парламент.

Тој, претходно во интервју за „360 степени“ кажа дека неговиот нацрт-извештај за Македонија има неколку упатувања на признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за што е напаѓан од бугарските европратеници, но оти според него, „нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски“.

- Advertisement -
Ad image

– Во нацрт-документот, таков како што е сега, има неколку референци за признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Лично ми е жал што ова е потребно, бидејќи нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик. Лично, не би гледал потреба тоа да се каже. Но, поради некои прашања што беа поставени, особено од бугарската страна, дека македонскиот е независен јазик што се разликува од бугарскиот и дека македонскиот идентитет беше доведен во прашање не само од бугарските соседи, туку и порано од грчките соседи, потребно е да се спомене ова, и тоа е вклучено во нацрт-извештајот. Јасно се споменува реалноста на независниот македонски идентитет и јазик – истакнува Вајц.

Тој очекува мнозинска поддршка за извештајот во Европскиот парламент.

– Очекувам мнозинство за конструктивен извештај, бидејќи има големо мнозинство групи во Европскиот парламент што го поддржуваат процесот на пристапување на Северна Македонија. Така што, мислам дека тоа ќе резултира со големо мнозинство. Извештајот ќе биде гласан дури следната недела, така што конечниот резултат ќе биде познат тогаш, кога ќе видиме како гласале различните членови на Европскиот парламент, особено во Комитетот за надворешна политика. Но, подготвениот нацрт јасно ги адресира потребните чекори за следната фаза – отворањето на преговорите, изјави Вајц.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation