Background

Јаневска им подели совети на учениците пред утрешното полагање државна матура

Тестаторите да ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците, а тие да не се обидуваат да препишуваат и испитот да го сфатат како дел од нивното образование кој не треба да претставува никаков проблем – порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред утрешното полагање на првиот екстерен испит од годинашната матура за која се пријавени над 15.000 средношколци.

– Тестаторите да си ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците и на државата. Дополнително напоменувам дека е затегната легислативата и таа треба максимално да се почитува – рече Јаневска денеска при посетата на Градежниот факултет при УКИМ.

Втората порака е до учениците – испитот, рече таа, е дел од нивното образование и не треба да претставува никаков проблем.

- Advertisement -
Ad image

– Тие треба да пристапат како кон нормален, составен дел на нивното образование. Им порачувам и да не се борат со системот, да не бидат премногу иновативни изнаоѓајќи разни начини да се снајдат при полагањето на државната матура. Поконкретно кажано, ги замолувам одредени групи, групации и поединци да не го користат препишувањето како метод за полагање на државната матура. Затоа што тоа не е ниту во нивна корист, ниту во корист на нивните родители, ниту во корист на државата – апелираше Јаневска.

Како што рече, се е подготвено за спроведување на завршниот испит и ќе тече без никаков проблем.

– Само уште овие два услова да се исполнат, а верувам дека ќе бидат исполнети – додаде министерката.

За утрешниот прв екстерен испит се пријавени 9.969 ученици за македонски јазик, 4.339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик.

Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен за учениците, ќе се полага на 11 јуни.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation