Background

Муцунски и Рубио се заложија за продлабочување на партнерството на Вашингтон и Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вашингтон оствари билатерална средба со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.

Двајцата соговорници ја потврдија извонредната соработка меѓу двете држави, која е заснована на заеднички вредности, политички интереси и долгогодишно пријателство. Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на македонската влада кон унапредување на политичкиот дијалог со САД, како и конкретната заложба за институционализирање на стратешкото партнерство преку спроведување на заеднички Акционен план.

Во рамките на разговорот беа разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можноста за започнување на процес за потпишување Договор за слободна трговија. Министерот Муцунски ја истакна отвореноста на македонската влада кон унапредување на економската соработка, привлекување американски инвестиции и зголемување на присуството на американски компании во земјата.

- Advertisement -
Ad image

Разменети беа и мислења за безбедносната соработка во рамки на НАТО, каде што нашата држава продолжува да дава активен придонес како кредибилен сојузник, со инвестиции над 2% од БДП во одбранбениот сектор. Особено внимание беше посветено на регионалната стабилност и развојот на Западен Балкан.

Фото: МНРнТ

Министерот Муцунски изрази благодарност за постојаната поддршка од страна на САД, со уверување дека стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика и конкретни резултати, на билатерално, регионално и глобално ниво.

„Ја завршуваме посетата на Соединетите Американски Држави со значајна средба со државниот секретар Марко Рубио, на која уште еднаш ја потврдивме силната стратешка поврзаност меѓу двете земји, заедничката заложба за регионалната стабилност, нашата европска интеграција, како и инвестициите во безбедноста и одбраната како сојузници во НАТО.

Од секретарот Рубио и во име на американската администрација, добивме цврсто уверување дека нашето партнерство и сојузништво остануваат клучни, гледајќи ја нашата земја како значаен фактор за регионалната стабилност. Меѓу другото, разговаравме за следните чекори во рамките на Стратешкиот дијалог и меѓусебната соработка.

Во духот на зајакнатото партнерство, поддршката од САД продолжува со засилен интензитет, особено во реформските процеси, зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Во време на сложени безбедносни предизвици со кои се соочува светот, заклучивме дека од клучно значење е да продолжиме да работиме на одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на глобално ниво”, истакна министерот Муцунски по средбата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation