Таравари најави соработка за изборите и со ДУИ и со Вреди

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На вонредното собрание на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари беше разрешен шефот на Собранието на партијата, Арбен Фетаи. Состанокот на Собранието, како што рече Таравари, го иницирале 2/3 од членовите, а доаѓа неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата. За нов претседател на Собранието на АА е избран Назим Таипи.

– Исклучивме и некои членови на претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците. Членовите на претседателството кои беа исклучени се вкупно осум од 46 членови на Централното претседателство, така што тоа продолжува со мнозинството членови, а собранието со апсолутно мнозинство во Централното собрание. За Мимоза Муса не беше донесена одлуката, бидејќи не беше добро дефинирана пораката, дали останува со Алијансата за Албанците или останува со Вреди, немаме јасна порака – рече Таравари.

Оцени дека партијата сега била почиста, бидејќи според него, оние што ја напуштиле не мислеле на народот. Таравари во моментов работи само со тројца пратеници, откако и пратеничката Мимоза Муса најави дека ќе остане дел од коалицијата Вреди во Владата.

– По заминувањето на оние кои беа заинтересирани само за власт, Алијансата за Албанците ќе расте силно и ќе стане водечка политичка сила во иднина – изјави Таравари.

Тој најави дека на Собранието била потврдена одлуката партијата да ја напушти Владата и да оди сама на локалните избори во октомври. Тој најави дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со Вреди.

– Во Битола, во Кичево, во Брвеница, во Чашка, во Преспа, во Бутел ќе соработуваме и со ДУИ и со Вреди, бидејќи само така можеме да им помогнеме на Албанците и тоа е од албански интерес, во другите општини ќе видиме….Немаме дефинитивна одлука. Не исклучуваме соработка со која било опозициска политичка партија, освен со Левица. Да сте сигурни дека со Левица нема да соработуваме – рече Таравари.

Share This Article