44-годишниот Т.Н. од селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е приведен од страна на полицијата откако бил затекнат како управува автомобил под дејство на алкохол со дури 2,10 промили алкохол во крвта, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што соопштија од МВР, на 24 мај околу 12 часот на улицата Брегалничка во Штип, полициски службеници од СВР Штип сопреле патничко возило марка „Опел“ со скопски регистарски таблички, управувано од Т.Н., и при извршената контрола било утврдено дека возачот е во алкохолизирана состојба.
Случајот дополнително ќе се процесира по службена постапка.