Background

И покрај популарноста на идејата за покуса работна седмица, само 2,85 отсто од компаниите во Белгија ангажираат работници според моделот на четиридневна работна недела

И покрај популарноста на идејата за покуса работна седмица, само 2,85 отсто од компаниите во Белгија ангажираат работници според моделот на четиридневна работна недела, покажува ново истражување на белгиската агенција „Асерта Консалт“.

Овој систем е дел од Пилот-студија на белгиското Федерално биро за планирање, според кој вработените работат четири дена во неделата, но со подолго дневно работно време, при што добиваат плата како да работеле пет дена.

Иако овој режим привлекува внимание како можност за подобар баланс помеѓу работата и приватниот живот, бројките покажуваат дека само 0,8 отсто од сите вработени во Белгија навистина работат на овој начин.

- Advertisement -
Ad image

– Моделот на четиридневна работна недела сè уште е исклучок на нашиот пазар на труд. Иако има зголемен интерес, учеството е сè уште ниско – вели Лизбет Геталс, правна експертка во „Асерта Консалт“.

Таа појаснува дека моделот бара над осумчасовна дневна работа, што е предизвик за многу сектори, особено каде што физичкото или менталното оптоварување е повисоко. Дополнително, работниците кои го прифаќаат овој модел може да ги изгубат некои придобивки поврзани со петтиот работен ден.

Истражувањето открива дека 39,2 отсто од големите компании со над 500 вработени имаат барем еден вработен со четиридневна недела, а во средните компании (200–500 вработени), оваа бројка е 19,3 отсто. Наспроти тоа, огромното мнозинство на белгиските фирми се мали претпријатија, кои имаат помал капацитет за ваков флексибилен распоред.

Анализата опфатила 224.000 вработени со полно работно време во 20.000 белгиски компании, и била спроведена во пресрет на објавувањето на официјалните резултати од Пилот-студијата, лансирана во ноември 2022 година како дел од „Новиот работнички договор“ на претходната белгиска Влада.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation