Background

По 30 години таа објавува делови од неговите 17 тајни дневници

Легендарниот пејач Фреди Меркјури имал тајна ќерка со која бил во блиски односи до неговата смрт во 1991 година, стои во нова биографија на фронтменот на Квин, објави Дејли мејл.

Книгата „Љубов, Фреди“ тврди дека детето било зачнато случајно, кога имал афера со сопругата на близок пријател во 1976 година. Меркјури редовно ја посетувал својата ќерка и ѝ дал 17 тома детални лични дневници, кои таа ги чувала во тајност. Жената позната само како Б, која денес има 48 години и работи како медицинско лице во Европа, ја сподели содржината на дневниците со рок-биографката Лесли-Ен Џонс.

„Фреди Меркјури беше и е мојот татко“, стои во рачно напишано писмо од ќерката на Меркјури, објавено во книгата.

- Advertisement -
Ad image

„Имавме многу блиски односи од моментот кога се родив и во последните 15 години од неговиот живот. Тој ме обожаваше и ми беше посветен. Околностите на моето раѓање може да изгледаат, според стандардите на повеќето луѓе, необични, па дури и навредливи. Тоа никогаш не ја намалило неговата посветеност да ме сака и да се грижи за мене“, вели таа.

Нејзиното постоење му било познато само на најблискиот круг на Меркјури.

Пејачот почнал да пишува дневници на 20 јуни 1976, кога првпат дознал за бременоста, 2 дена откако бендот Квин го објавил синглот „You’re My Best Friend“. Последниот запис во дневниците е од 31 јули 1991 година.

Во друго писмо, вклучено во книгата, Б ги објаснува нејзините причини за споделување на дневниците на Меркјури по 30 години.

„По повеќе од 3 децении лаги, шпекулации и извртувања, време е да му дозволиме на Фреди да зборува. Оние кои беа свесни за моето постоење ја чуваа неговата најголема тајна поради лојалност кон Фреди. Тој ми ја довери неговата збирка приватни тетратки на мене, на неговото единствено дете“, вели Б.

Џонс рече дека Б првпат ѝ се обратила пред 3 години.

„Мојот инстинкт беше да се сомневам во сѐ, но јас сум апсолутно сигурна дека таа не измислува. Никој не би можел да го лажира сето ова“, кажа Џонс за Дејли мејл.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation