Русија и Украина ја продолжија најголемата размена на заробеници досега, при што секоја страна ослободи уште 307 лица, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, пренесува ДПА.
Министерството најави дека размената на заробеници ќе продолжи.
И украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека уште 307 украински воени заробеници се вратиле дома како дел од размената, договорена со Русија.
Русија и Украина вчера соопштија дека размениле по 390 лица, како дел планираната осолободување на по вкупно 1.000 воени заробеници и од двете страни. Ова е најголемата размена на заробеници од почетокот на војната во Украина, а беше договорена минатата недела за време на разговорите во Истанбул.
За потсетување, шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров изјави дека Русија е подготвена да ѝ достави на Украина нацрт-документ со предложени услови за долгорочен мировен договор. Тој рече дека Москва останува посветена на мирно решавање на конфликтот што трае повеќе од 3 години.
– И натаму сме отворени за дијалог и активно работиме на документ што ќе ги дефинира условите за стабилен и траен мир. Штом завршат размените на заробеници, ќе бидеме подготвени да ѝ го предадеме тој нацрт-договор на Украина – изјави Лавров.
Tagged as:
Дали Украина е поблиску до добивање нацрт-договор од Кремљ за траен мир?
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
