Положено цвеќе на гробот на Свети Кирил во Ватикан

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска и утре (23 и 24 мај) престојува во Рим, Италија, како дел од државно-црковната делегација предводена од претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Повод за посетата е традиционалното чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј.

Централниот настан денеска беше молебенот во базиликата „Сан Клементе“, каде што е погребан Свети Кирил. Со молебенот чиноначалствуваа владиците Јосиф и Јаков од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

– Присуството на делегацијата на ова свето место ја потврдува длабоката духовна и историска поврзаност на македонскиот народ со делото на Светите браќа – изјави министерот Љутков.

Во рамки на програмата „Македонија во чест на Свети Кирил“, утре (24 мај) министерот Љутков ќе се обрати на концертот на светски познатиот пијанист Симон Трпчески и квинтетот „Македонисимо“. Настанот ќе се одржи во историската локација „Хорти Салустијани“ (Horti Sallustiani), каде ќе бидат изведени дела од Едвард Григ, Петар Илич Чајковски и македонскиот композитор Панде Шахов.

– Посебна чест е што токму македонската култура ќе одекнува во срцето на Рим, преку уметничкиот израз на нашиот маестро Трпчески и неговите соработници – рече Љутков.

Во текот на утрешниот ден, делегацијата ќе го посети гробот на папата Франциск, а ќе положи и свежо цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик посветена на Свети Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Инаку, традиционалното поклонение на гробот на Свети Кирил во Рим започнало во 1969 година, по повод 1100-годишнината од неговата смрт. Оттогаш, секоја година на 24 мај се организираат државно-црковни чествувања со највисоки почести.

Share This Article