Собранието на Република Македонија во среда, на 28 мај, ќе одржи седница на која прва точка на дневен ред е изборот на нов гувернер на Народната банка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Собранието на Република Македонија во среда, на 28 мај, ќе одржи седница на која прва точка на дневен ред е изборот на нов гувернер на Народната банка. Седницата е закажана за 11 часот, а за наследник на досегашната гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска е предложен универзитетскиот професор Трајко Славески.

Славески, кој доаѓа од Економскиот факултет, е предложен од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Доколку биде избран, ќе има мандат од седум години.

Од Кабинетот на претседателката велат дека изборот бил тежок и направен врз основа на стручноста, компетентноста и интегритетот на кандидатите.

„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати,“ соопштија од Кабинетот на Сиљановска.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го поддржи предлогот на претседателката.

Опозициските партии, пак, изјавија дека нема да гласаат „за“, обвинувајќи дека Славески е партиски кадар, а не независен експерт, какви што досега традиционално биле гувернерите.

Share This Article