Background

Бислимоски за одлуката на Уставен суд за исклучување од парно

Ја дознавме Одлуката на Уставниот суд од медиумите, се уште немаме добиено официјално известување. Вообичаено одлуки на Уставен суд не се коментираат, но оваа Одлука значи дека апсолутно сега се либерализира постапката за исклучување на потрошувачите од системот за топлинска енергија. Тоа може да доведе до зголемен број исклучени потрошувачи, што, пак, ќе влијае негативно на цената за топлинска енергија, односно ќе доведе до нејзино зголемување, рече денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.

Според него, зголемениот број потрошувачи кои би се грееле на струја, ќе го оптоварат особено дистрибутивниот систем во Скопје кој е проектиран со трафостаници и мрежа со послаб капацитет таму каде што има организиран систем за топлинска енергија.

-Особено се плашам дека ако тие потрошувачи кои би се исклучиле и би почнале да се греат на струја, ќе го оптоварат особено дистрибутивниот систем во Скопје. Ние како РКЕ ќе ја почитуваме одлуката на Уставниот суд, но кажувам што ќе значи тоа во пракса – можност за полесно исклучување, намалување на бројот на потрошувачи на топлинска енергија, што може да доведе до зголемување на цената за парно и да имаме домаќинства кои повеќе ќе се греат на електрична енергија – рече Бислимовски.

- Advertisement -
Ad image

Во врска со  прекинот на  струја минатиот викенд во речиси цела Македонија, МЕПСО, нагласи Бислимовски, до денес треба да испрати целосна информација што се случило. Тој оцени и дека извештајот од Шпанија и Португалија за испадот со електрична енергија ќе биде добро искуство за сите останати преносни систем-оператори во Европа.

-Има зголемено производство на електрична енергија и сите преносни систем-оператори во координација со нивното европско здружение преземаат мерки за да не доаѓа до „блек аут“. Тие мерки во текот на денот добро функционираат. Некаде за Велигден дел од фотоволтаичните електрани по налог на МЕПСО беа исклучени и во тој дел не очекувам да има проблеми. Никогаш не може со сигирност да се каже, но сите механизми што му стојат на располагање на МЕПСО и во координација со соседните системоператори се преземаат соодветни мерки. Во неделата се случи испад во периоди кога не произведуваат фотоволтаичните електрани. МЕПСО до денес ќе ни испрати целосна информација што се случило – Бислимоски.

Според него, повисоките напони се регулираат и со системските резерви.

-МЕПСО во наредниот период ќе распише тендер за поставување поголема кондензаторска батерија во Неготино и тој проблем ќе биде надминат во наредниот период. Во критични режими на работа, операторот на електропреносниот систем секаде во Европа, па и во Македонија, има обврска да преземе мерки за да го задржи целокупниот систем стабилен – вели  Бислимоски.

Тој дополни и дека со новиот Закон за енергетика се овозможува поставување батериски системи.

-Верувам дека тоа во наредниот период ќе се случи зашто има голем број сопственици на фотоволтаични електрани кои се заинтересирани за поставување батериски системи. Тие ќе имаат право да постават батериски системи со моќност колку моќноста на фотоволтаичните електрани. Обврска ќе биде кај сите фотоволтаични електрани и таму каде што има батериски системи, да се постават уреди за далечинско управување на системите. Се разгледува можноста дел од капацитетот на батериите да биде даден на МЕПСО за системски услуги, односно за балансирање, за соодветен пазарен надомест – информира Бислимоски според кој, МЕПСО во моментов има системски резерви од ЕСМ, а во некои периоди од денот или годината, како што рече, тие услуги ги дава и ТЕ-ТО.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation