Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите и тоа во моментот се истражува. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека наскоро ваквите тврдења ќе бидат обелоденети во јавноста.
– Најголемиот конзум што го има Македонија е во зима, отприлика втората половина од јануари меѓу 18 и 20 часот и тоа е 1,5 гига. Техничкиот капацитет на мрежата е двапати поголем, но во моментот има проекти и барања од 9,5 гига односно трипати повеќе од техничкиот капацитет и шест пати повеќе од тоа кое што го трошат граѓаните. Зошто? Затоа што некои минати раководства во МЕПСО за да издадат мислење пред инвеститорите, имаат барано мито и тоа го истражуваме. За жал, има малку докази, но мислам дека дел од овие тврдења наскоро ќе бидат обелоденети – изјави денеска Мицкоски.
Според Мицкоски, не е точно дека има чести испади на енергетската мрежа, имало само еден испад изминатиот викенд поради надворешен фактор.
– Зборуваме за неделата кога имаше зголемени напонски прилики на далноводот што ги поврзува Врање и Штип. Тоа значи дека наместо да има 400 киловолтна напонска состојба имаше 460 киловолтна состојба со што се активираше заштитата на мрежата и нормално е дека тој далновод се исфрла од функција – рече Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
