Background

Железничката станица во Скопје ќе се поврзе со аеродромот

Со Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија сериозен акцент се става на инвестициите во инфраструктурата, потенцирајќи ги инвестициите во железничката инфраструктура, особено брзата пруга на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија со што земјава ќе се бетонира како најдобриот, најбрзиот и најисплатливиот транзитен пат за товарен железнички сообраќај од грчките пристаништа до европските дестинации.

Како што најави директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски на денешната прес-конференција во Владата, ќе се изврши целосна реконструкција на постојната траса со подигање на брзината на повеќе од 160 километри на час за патничкиот и до 120 километри на час за товарниот сообраќај. Паралелно со постојната ќе се изгради и целосно нова пруга со два колосека при што максимално ќе се исправат кривините и ќе се намали должината на пругата.

– Рокот за изградба е пет години од почетокот на градбата, а се очекува градбата да почне за околу 9 месеци по потпишувањето на договорот. Изведувачот истовремено ќе ја проектира и ќе ја изведува железничката линија. Прво ќе се гради новата траса која ќе биде паралелна со постојната, а потоа ќе се реконструира веќе постојната железничка линија од Табановце до Гевгелија. Со градежната активност ќе биде опфатена и пругата со која ќе се поврзе железничката станица во Скопје со аеродромот во Петровец – информира Ивановски.

- Advertisement -
Ad image

Тој најави дека есенва ќе почне целосна реконструкција на делот од железничката пруга од Драчево до Илинден, како и делот од Зелениково до Скопје кој ќе биде во состав на градскиот воз, а воедно ќе се реконструира и железничката станица во Скопје.

– Со преземените активности и целосна модернизација и изградба на новата пруга планираме Македонија повторно да ја вратиме на железничката мапа. Македонија има одлична инфраструктурна, географска и стратешка позиционираност, а товарниот железнички сообраќај може да биде еден од главните двигатели на економскиот развој – рече Ивановски.

Тој потенцира дека во земјава Коридорот 10 се одвива по течението на реката Вардар во должина од околу 230 километри. Моменталната пруга е со еден колосек на кој се одвиваат и товарниот и патничкиот сообраќај. Пуштена е во употреба во 1873 година и досега претрпела измени, надградби и ремонти.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation