Израел ќе дозволи да се внесе одредена количина храна во Појасот Газа, соопшти синоќа Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Израел ќе дозволи да се внесе основна количина храна, наменета за населението, со цел да се спречи развој на глад во опколениот Појас Газа“, се наведува во соопштението.
Израелската војска соопшти дека „почнала напади од големи размери и дека испратила војници да ја преземат контролата над подрачјата“ во Појасот Газа.