Во неделата наутро, околу 10 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле 56-годишниот Х.А. од с.Голема Речица, Тетовско, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„На булевар Видое Смилевски Бато во Тетово тој управувал патничко возило ‘бмв’ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 111 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 50 километри на час во населено место. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – безобѕирно управување со моторно возило“, наведено е во полициското соопштение.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
