Сиљановска Давкова денеска нема да даде предлог за нов шеф на Народната банка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателската Гордана Сиљановска Давкова денеска нема да даде предлог за нов гувернер на Народната банка, иако претходно беше најавено дека предлогот ќе го достави денеска до Владата и до Собранието.

Предлогот требаше да се разгледува на утрешната седница на Собранието.

Од Кабинетот на претседателката за Плусинфо велат дека си дала време да размисли откако се консултирала со повеќе правници и со Законот за Народна банка.

– Претседателката ќе размисли уште неколку дена пред да одлучи кого од тројцата кандидати со кои веќе изврши разговор ќе го предложи за гувернер на Народна банка – велат од Кабинетот на претседателот.

Оттаму информираат дека Сиљановска Давкова треба да се одлучи за еден од тројцата кандидати – поранешните министри за финансии Зоран Ставрески и Трајко Славески и актуелната гувернерка Анита Ангеловска – Бежоска.

Сиљановска Давкова се повикува на Законот за Народна банка во кој се предвидува доколку не биде избран навреме гувернер, актуелниот да ја извршува функцијата до изборот на нов.

Според членот 55 од Законот за Народната банка, член на Советот на кој му истекол мандатот, до именување на нов член, ги има истите овластувања и ги извршува истите задачи утврдени со закон. Оваа одредба се однесува и на гувернерот на Народната банка, се вели во законскиот текст.

Оваа одредба лани беше внесена во Законот за Народна банка на предлог на Меѓународниот монетарен фонд за да се обезбеди континуитет во работењето на Централната банка во случај да не се избере нов гувернер.

Share This Article