Background

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега се спроведуваше само во странските и во приватните медицински центри

Универзитетската клиника за урологија во Скопје, започна со изведување операции за вградување вештачки уринарен сфинктер, нова процедура, која досега се спроведуваше само во странските и во приватните медицински центри, соопштија од Универзитетската клиника за Урологија.

Интервенциите биле изведени од виш научен соработник д-р Огнен Ивановски. Првите две интервенции се извеле под менторство на професор д-р Сергеи Владиславович Котов од Клиниката за урологија Пирогов во Москва, Русија.

Веќе се изведени 10 интервенции

Досега, изведени се вкупно 10 вакви интервенции, што ја вбројува Универзитетската клиника за урологија помеѓу ретките центри, кои се лиценцирани за изведување на овој тип нови процедури. Во изминатава година, во однос на земјите од регионот, во Македонија се вградени најголем број уринарни сфинктери на пациенти кај кои е неопходна ваква интервенција. Операцијата на вградување сфинктер е целосно покриена од Фондот за здравствено осигурување на Македонија и претставува нова услуга во јавното здравство.

Како помага вештачкиот сфинктер?

- Advertisement -
Ad image

Неконтролираното истекување на урина од мочниот меур (уринарна инконтиненција) најчесто се јавува по оперативно вадење на простатата поради карцином. Неволното истекување на урината најчесто се јавува при стоење или при одење, а станува поинтензивно при активности како кревање товар, смеење, кашлање или како кивање. Оваа состојба во голема мера го нарушува квалитетот на живот на пациентот и претставува сериозен социјален и хигиенски проблем.

– Повеќе од 10 месеци сме посветени на оваа нова процедура. Горди сме што можеме да понудиме решение на проблем за кој претходно пациентите беа принудени да патуваат во странство. Вградувањето на вештачкиот уринарен сфинктер е златен стандард за решавање на уринарната инконтиненција, особено кај пациенти по операција на простата. Оваа интервенција значително ја подобрува контролата на урината кај пациентите, за кои ова е комплетно решение – вели вишиот научен соработник на Универзитетската клиника за урологија во Скопје, д-р Ивановски.

Пациентите веќе нема да мора да патуваат во странство

По стекнувањето на соодветна експертиза во странски центри, како што е работа на 3Д испечатени модели на мала карлица во Турција, курсеви на кадавер, како и клинички стаж во Левен, Белгија, д-р Ивановски за првпат самостојно изведе операции за вградување на вештачки уринарен сфинктер кај 10 македонски пациенти.

– Со воведувањето на оваа процедура, Универзитетската клиника за урологија не само што ја проширува понудата на здравствени услуги во јавниот сектор, туку и го подобрува животот на пациентите, кои досега немале можност за третман на уринарната инконтиненција во рамките на земјава – изјави директорот на Универзитетската клиника за урологија, д-р Башким Шабани.

Карциномот на простата е најчесто дијагностицирана малигна болест кај мажите над 50-годишна возраст. Се проценува дека 1,4 милиони мажи годишно го добиваат овој карцином, а 375.000 од нив умираат како директна последица од болеста.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation