Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека противвоздушната одбрана на руската војска во текот на ноќта соборила 35 украински дронови над Крим, Брјанската област и во Белгород.
„Во текот на изминатата ноќ, системите за противвоздушна одбрана кои беа на должност уништија 35 украински беспилотни летала, 26 беспилотни летала на Крим, осум во Брјанската област и еден дрон во Белгород“, се наведува во соопштението што го пренесе РИА Новости.
Соопштено е и дека екипажите на руските дронови, контролирани преку оптички кабли, од единицата Усуриски воздушно-десантни сили, уништиле опрема на украинските вооружени сили долж границата на Курската област.