Во изминатите два дена 39 земјоделци и граѓани од општина Дебрца, меѓу кои и градоначалникот на општината по четврти пат беа во организирана посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2025”, најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството.
Општина Дебрца ги покри трошоците за автобускиот превоз ,а останатите трошоци беа на товар на учесниците,а кое нешто е во согласност со мерката дефинирана со Годишната програма за локален економски развој на општина Дебрца,учество на саеми,што подразбира финансиска поддршка на организирани настапи и посети на земјоделците на домашни и меѓународни саеми од областа на земјоделството.
Повикот за посета на саемот јавно беше објавен на општинската веб страница и секој заинтересиран можеше да се пријави.