Background

Ана Ивановиќ поднесе документи за развод од Швајнштајгер, сака побрзо да се разведе

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер поднесоа официјални документи за бракоразводната парница, пишува познатиот австриски „Кроне“.

Приказната за нивната разделба трае веќе долго време, но ниту Ана ниту Бастијан сè уште не се огласиле официјално.

Според последните информации, Ана и Бастијан веќе се во фаза на развод во Швајцарија, каде што нивните адвокати се обидуваат што побрзо да ја завршат правната процедура.

- Advertisement -
Ad image

Извори блиски до двојката изјавија дека тие веќе два месеца не живеат заедно.

„Ивановиќ сака што побрзо да го остави зад себе периодот од својот живот во кој беше сопруга на Бастијан Швајнштајгер. Германските медиуми дознаваат дека адвокатите на двете страни во моментов подготвуваат итен развод, а дека најбрзиот можен начин е во Швајцарија. Покрај многуте документи, сето ова значи и многу стрес и напнатост за поранешниот пар“, вели австрискиот „Кроне“.

Исто како што пред речиси една деценија, љубовта на Ана и Бастијан се роди јавно, на УС Опен во 2014 година, сега нивното потенцијално раскинување станува тема за која сите коментираат, со иста количина емоции, тага и неверица.

Според зборовите на Светислав Пешиќ, тренерот на Баерн Минхен во тоа време, нивната средба се случила токму во Њујорк.

„Беше вистинска љубов на прв поглед“, рекле нивните блиски пријатели.

Тие се венчаа во 2016 година на бајковита церемонија во Венеција, а со години важеа за идеален пар – спорт, елеганција, стабилност, семејство.

Тие заедно имаат три деца заедно – Лука, Леон и Тео, а Ана во моментот живее во Белград, додека Бастијан е претежно деловно е ангажиран во Минхен.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation