Background

Зеленски му испрати писмо на Трамп со нови предлози за соработка во областите на одбранбената индустрија и трговијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му испрати писмо на американскиот претседател Доналд Трамп со нови предлози за соработка во областите на одбранбената индустрија и трговијата, објавено е на веб-страницата на кабинетот на претседателот на Украина.

Зеленски им се заблагодари на САД и на целиот американски народ за нивната непоколеблива поддршка, посебно изразувајќи благодарност до Трамп и неговиот тим за нивните напори да постигнат мир.

За време на денешниот разговор со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио во Рим, по церемонијата за инаугурација на новоизбраниот папа Лав XIV, Зеленски зборуваше за новите иницијативи наведени во писмото до Трамп.

- Advertisement -
Ad image

Во документот се предлага проширување на соработката во одбранбено-индустриската и трговската сфера меѓу Украина и САД и се укажува на важноста на санкциите кон Русија.

– Притисокот врз Русија мора да продолжи сè додека не биде подготвена да ја запре војната. Украина доследно ги поддржува сите американски мировни иницијативи и останува отворена за конструктивен дијалог со цел постигнување праведен и траен мир – истакна тој.

Зеленски во писмото зборува и за преговорите во Истанбул и „нереалните услови што Русија ги постави за воспоставување траен прекин на огнот“.

– Ниското ниво на руската делегација укажуваше на тоа дека таа нема овластувања да донесува какви било одлуки – додаде тој, напоменувајќи дека Русија го крши примирјето, кое самата го предложи.

Зеленски оцени дека сето ова укажува на тоа дека Москва нема намера да ја заврши војната и оти затоа е потребен притисок за да се присили Русија да прифати целосен, безусловен прекин на огнот.

На состанокот со Рубио и Венс детално беше разгледан ставот на секоја страна и следните чекори кои би можеле да ја променат ситуацијата, вклучувајќи силни санкции против Русија.

Посебно внимание беше посветено на спроведувањето на договорот за економско партнерство меѓу Украина и САД.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖