Не го разбирам ова што го направи, изјави претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова коментирајќи го заминувањето на Арбен Таравари од Владата и оставката од функцијата министер за здравство.
– Сите ние понекогаш менуваме став, ама ова, да не знаете навистина кој е ставот и зошто, е крајно невообичаено – рече претседателката во интервју на ТВ Телма.
Таа додаде дека била изненадена од таа одлука на лидерот на Алијанса за Албанците затоа што, како што рече, како министер зборувал „со занес за реформи“ во здравство и со „страст што е потребна“ за справувањето со предизвиците по несреќата во Кочани.