Дали Велика Британија е новиот голем европски економски партнер на Македонија?
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека утре во Тирана ќе одржи средба со британскиот премиер Кир Стармер, од која ќе произлезат добри вести за Македонија.

„Со Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта патуваме во Тирана, на самитот на Европската политичка заедница, каде имам средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, со добри вести за Македонија“, објави премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот Мицкоски периодов во повеќе наврати најави дека наскоро ќе објави одлични вести за нов економски партнер на Македонија, како што рече, силна европска земја.
Вчера тој изјави дека дел од парите за планираната модернизација и реконструција на железницата на Коридорот 10 ќе се обезбедат од Планот за раст, а дел од најавениот меѓувладин договор со европска земја за инвестиции во инфраструктурата и во здравството. Тој најави дека договорот со таа земја ќе се потпише многу скоро, односно, дека се во прашање денови.
Tagged as:
Мицкоски најави средба со Стармер во Тирана
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
