Израелските напади врз градот Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа, однесоа 54 жртви синоќа, соопшти локална болница.
Снимател на АП во Кан Јунис изброи 10 воздушни напади врз градот преку ноќ и утрово, и видел бројни тела како се транспортираат во мртовечницата во градската болница Насер.
Меѓу загинатите е и новинарот Хасан Самур, кој работел за катарската телевизија „Ал Араби“, која соопшти дека Самур бил убиен заедно со уште 11 членови на неговото семејство во еден од нападите во Кан Јунис.
Израелската војска не ги коментираше нападите.