Хали Бери во последен момент го сменила фустанот поради строгите правила во Кан

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Организаторите на Филмскиот фестивал во Кан оваа година воведоа строги правила за облекување до кои мора да се придржуваат познатите личности. Забрането е носење „волуменски фустани или фустани кои се влечат по тепихот до недоглед“, како и доаѓање во „голи фустани“ со цел да се „обезбеди поголема пристојност“.

Меѓутоа, веќе на првата вечер од фестивалот, некои дами го прекршија правилото. Бела Хадид и Хајди Клум дојдоа разголени.

Кинеската актерка исто така, Ван КианХуи ги прекрши правилата со својата тоалета на црвениот тепих, но холивудската актерка Хали Бери (58) не остави ништо на случајот и откри дека поради новите правила, во последен момент се одлучила за друг фустан.

„Имав одличен фустан од Гупта за вечерва, но не можам да го носам бидејќи е преголем. Морав да го сменам. Но, делот со голотијата е веројатно добро правило“, рече таа на прес-конференцијата.

Инаку, Хали Бери е членка на жирито на фестивалот оваа година, а за разлика од неодамнешното предизвикувачко издание на Мет Гала во Њујорк со кое привлече внимание, таа се појави во Кан во долг фустан со црно-бели пруги и розов набор на грбот, со што ги избегна строгите казни што ги најавија организаторите.

„Оваа година, Филмскиот фестивал во Кан во својата повелба наведе одредени правила кои се на сила веќе долго време. Целта не е нужно да се регулира облеката, туку да се забрани целосна голотија на црвениот тепих, во согласност со институционалната рамка на настанот и францускиот закон“, порачаа организаторите.

„Фестивалот го задржува правото да им забрани пристап на лица чија облека би можела да го попречи движењето на другите гости или да го комплицира распоредот на седење во салите за прикажување“, додадоа тие.

Фото: EPA-EFE / GUILLAUME HORCAJUELO

Share This Article