Две лица со тврд предмет го скршиле стаклото на угостителски објект во Прилеп по што фрлиле рачна бомба која не експлодирала, информираше Министерството за внатрешни работи. Бомбата била безбедно подигната од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.
„На 12.05.2025 во 08.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 03.00 часот, две лица со тврд предмет го скршиле стаклото од предната врата на летната бавча на угостителски објект на улица Александар Македонски во Прилеп, сопственост на Б.С.(53) од Прилеп, по што во објектот фрлиле рачна бомба, која не експлодирала“, се вели во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
