Брисел неофицијално ја предупредил министерката за финансии на Бугарија, Теменушка Петкова, дека може да ја запре постапката за премин кон еврото, објави Нова ТВ.
Предупредувањето доаѓа откако претседателот Румен Радев повика на референдум за пристапувањето на Бугарија кон единствената европска валута.
Претходно ГЕРБ-СДФ предложи барањето за референдум воопшто да не стигне до гласање, ниту во комисиите ниту во пленарната сала на парламентот. Тие го повикаа претседателот на Народното собрание директно да го врати барањето на шефот на државата како недозволено.