Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа изминатиот викенд во Охрид.
Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“. Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата после хотел„Метропол“ до нас.Лагадин каде чистеа вработените од Шпаркасе Банка. На потегот од Грашница до подрачното училиште „Св. Климент Охридски“, чистеа вработените од „Костал Македонија“. Училишниот спортски клуб „Волеј“ чистеше на просторот околу Горна Порта, на потегот од каналот на Билјанини Извори до плажа Горица чистеа учениците од ОСУ „Св.Климент Охридки“, РЦСО„Ванчо Питошески“ И СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ како и Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“. Во акцијата учествуваа и дел од основните училишта со чистење на дворните места. Учениците од ООУ „Св.Наум Охридски“ од Пештани ја чистеа и плажата во селото. Вработените на Централна Кооперативна Банка засадија 10 садници од брези во дворното место на СОСУ „Св.Кирил и Методиј“
Еколошката акција беше организирана од компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „НУЛА отпад“.
Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.
Tagged as:
„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО ОХРИД
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
