САД и Кина се согласија значително да ги намалат царините за стоките меѓусебно за период од 90 дена, по разговорите одржани минатиот викенд.
Зборувајќи во Женева, американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека двете страни ќе ги намалат своите тарифи за 115 проценти откако ќе се согласат на 90-дневно примирје, објави Си-Ен-Ен.
Тоа е значително ублажување на трговската војна што ескалираше минатиот месец. Пред денешниот договор, САД ги зголемија царините за кинеските стоки на 145 проценти, вклучувајќи дополнителни 20 проценти воведени за да се намали увозот на фентанил во САД, додека Пекинг возврати со царини од 125 проценти за американскиот увоз.
Бесент им рече на новинарите дека двете страни покажале големо почитување за време на разговорите и дека двете страни сакаат избалансирана трговија.