Шпанските власти апелираа до повеќе од 160.000 жители на пет општини во регионот Каталонија да не ги напуштаат своите домови поради токсичниот облак од хлор предизвикан од пожар во индустриско депо.
„Доколку сте во погоденото подрачје, не го напуштајте вашиот дом или работно место“, се наведува во апелот на Цивилната заштита на социјалните мрежи.
Апелот се однесува на жителите на општините на брегот, помеѓу Барселона и Тарагона.
Пожарникарите работат на гаснење на пожарот, во кој нема повредени.
Пожарот избувнал во зори утрово, во магацин во кој се складираат производи за базени.