Македонија засега нема да ги замени патарините со вињетки, а наместо тоа, државата ќе се насочува кон електронска наплата и кон модел во кој возачите би плаќале според реално поминатото растојание на автопатиштата – најави министерот за транспорт Александар Николоски на маргините на средбата со претставници на Македонско-германското стопанско здружение.
Според Николоски, анализите покажале оти повеќе од 70 отсто од домашните возила не излегуваат од општината во која се регистрирани, а автопатишта и експресни патишта користат околу 30 отсто од возилата. Според него, доколку се воведе општ систем на годишни вињетки, поврзан со регистрацијата на возилата, дополнителниот трошок би паднал и врз сопствениците на возила кои малку или воопшто не ја користат патната инфраструктура за која се плаќаат патарини.
Тоа, според министерот, би довело до сериозно поскапување на регистрацијата и би ги префрлило трошоците за користење на автопатиштата врз многу поширок круг граѓани.
Од друга страна, сегашниот систем овозможува наплатата да биде поврзана со користењето на одредени патни делници, при што значителен придонес имаат и странските возачи.
– Дополнителен аргумент е транзитот. Коридорот 10 годишно го користат околу 4,5 милиони возила, а значителен дел од приходите од патарини доаѓа токму од странските патници што транзитираат низ земјата. Само во 2025 година од патарини биле собрани околу 67,6 милиони евра, што покажува колку овој систем е важен извор на приходи за патната инфраструктура – рече Николоски.
Сепак, додаде Николоски, можно е посебно решение за компаниите чии вработени секојдневно патуваат, за кое, како што рече, вреди да се разговара.
Во Македонија, пак, Јавното претпријатие за државни патишта анализира друг пристап – електронски затворен систем во кој наплатата би зависела од поминатите километри. За Коридорот 8 веќе се разгледува таков модел, а паралелно се шири и употребата на М-ТАГ уредите и електронското плаќање.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
