Претседател на Босна и Херцеговина Шефот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик, пристигна во Москва, каде што, на покана на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, утре ќе присуствува на церемонијата по повод 80-годишнината од победата над фашизмот.
Како што објавува Срна, Додик на аеродромот Шереметјево бил пречекан од Андреј Милјаев, заменик-директор на Одделот за државен протокол на руското Министерство за надворешни работи.
Додик вечерва ќе присуствува на вечера во Кремљ што рускиот претседател Владимир Путин ќе ја приреди за светските претставници кои допатуваа во Москва за да присуствуваат на прославите по повод Денот на победата.
Исто така, планирано е Додик денес попладне „да одржи предавање пред руската младина за важноста на српско-руското единство“.
Да потсетиме дека Додик е мета на критики поради неговите проруски активности во Босна и Херцеговина и Западен Балкан. Поранешниот висок претставник во БиХ, Волфганг Петрич, синоќа во „Пресинг“ изјави дека Додик е пион на Путин, но и дека на Путин не му е грижа за „малиот ентитет на БиХ, РС, туку за дестабилизација на ЕУ со цел да преговара за подобри услови за себе“.